Апел на отец Ирине Гега за помош за реновирање на трпезаријата на Манастирот Свети Јован Владимир 

Апел на отец Ирине Гега на познатиот манастир посветен на светецот Јован Владимир во Елбасан, реши да реновира трпезаријата на Манастирот Отец Ирине Гега во име на црковниот одбор упати апел до сите верници да донираат за изградба на камбанаријата.

Во апелот на отец Ирине Гега стои:

Почитувани верници, браќа и сестри со Христос.

Со благослов на Неговото Преосвештенство Андони, митрополит на Елбасан, Шпат и Либражд и благодарение на вашата дарежлива помош, во нашиот манастир можевме да направиме многу убави работи и постојано Бог преку застапништвото на Свети Јован Владимир нè благословува со многу дарови. Благодарение на помошта на верниците и добродетелите, вршиме реставраторски работи на зградата на библиотеката со отстранување на дрвените прозори кои беа скапани и нивно заменување со алуминиумски прозорци.

По повод наближувањето на празникот Свети Јован Владимир, бидејќи во трпезеријата се користи и за официјалните приеми, ве молиме за помош за поставување на нов подот. Надевајќи се на великодушноста на сите вас добротворни организации, донатори и верници, ве молиме да придонесете колку што е можно повеќе, контактирајте не на пораки или на нашиот мобилен број. +355 67 673 3447. Господ да ве благослови!

Светиот великомаченик Јован Владимир, зетот на царот Самоил за ќерка му Косара се здобил со силен култ во Македонија. На иконите и фреските во нашите цркви е насликан како главата си ја држи во рацете. Во традицијата на југозападниот регион на Македонија во минатото бил развиен култот кон Светиот великомаченик кнезот Јован Владимир. Тој бил кнез на областите Зета и Далмација, во еден период влегол во судир со царот Самуил при што бил заробен. Додека бил во затвор во него се вљубила ќерката на Самуил Теодора Косара по што тој бил оженет со неа и вратен на престолот. Но подоцна, починал царот Самуил на 6 октомври 1014 година, а царскиот престол го наследил син му Гаврил Радомир.

Advertisement