МојВоздух апликацијата која за глобалниот пазар е брендирана како AirCare и на поедноставен начин ни објаснува како е квалитетот на воздухот што го дишеме сега е достапна во 7 држави во регионот. Покрај Македонија апликацијата е достапна во Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Словенија, Србија и Хрватска.
Со најавата за надградбата пред околу еден месец, беше најавен и „влезот“ во Косово, но г. Јовановски тогаш најави дека ова ќе се случи пред крајот на летото. Влезот во Босна и Херцеговина беше планиран пред крајот на 2019 година. Сепак се чини дека AirCare успеа и порано од планираното да заврши со подготовките за овие пазари.
Со исклучок на Словенија, апликацијата сега е присутна во државите со најлош квалитет на воздух во регионот. Веројатно ако се оди според плановите на девелоперите пред крајот на годината сервисот ќе биде достапен и во Грција и Бугарија./www.it.mk