Аргентина е новиот светски шампион откако во трилер финале против Франција славеше по изведување на пенали со 4-2, откако по 120 минути натпреварот заврши без победник 3-3. Првата шанса ја имаше Аргентина во 10. минута кога Де Пол биеше од 20-тина метри, а неговиот удар беше одбиен во корнер. Нова шанса „гаучосите“ имаа во 17. минута кога Ди Марија биеше лошо, а топката заврши над голот на Игор Љорис.
Аргентина поведе со 1-0 во 20. минута откако повторно доби сомнителен пенал на овој шампионат. Усман Дембеле минимално го допре Ди Марија кој падна, а главниот судија на мечот Полјакот, Марчинијак досуди на белата точка. Пеналот прецизно го изведе Лионел Меси.
До крајот на првото полувреме веќе беше и 2-0 со голот на Анхел ди Марија во 36. минута. Лошата игра во првиот дел донесе до тоа Дешан уше во 40. минута да ги промени Дембеле и Жиру на чие место влегоа Турам и Коло Муани. Франција првиот удар на мечот го имаше дури во 70. минута кога Килијан Мбапе биеше над голот на Мартинез. И кога сите мислеа дека е готово, Килијан Мбапе со два гола ги врати во игра „триколорите“ за само две минути во 80. и 82. минута.
Во првото продолжение Лаутаро Мартинез имаше две стоотстотни шанси, но не ги искористи. Сепак, гаучосите подобрата игра ја материјализираа во 110. минута кога Лионел Меси го постигна погодокот за трета титула. Франција доби уше еден пенал во 118. минута, кој Килијан Мбапе го реализираше за 3-3. Кингсли Коман промаши пенал во втората серија, а потоа и Чуамени што беше доволно за аргентинска радост.