
Во Соборниот Храм „Свети Николај Чудотворец“ во Куманово, денеска беше отслужена Света Божествена литургија на која беше хиротонисан епископот сарандопорски архимандритот Григориј, игуменот на осоговскиот манастир за епархиски архијереј на кумановско-осоговската епархија. На хиротонијата присуствуваа архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и архиереите на МПЦ-ОА, монаси и верници од државата.
Синодот на МПЦ-ОА на седница на 21 мај годинава го избра епископот сарадопорски Григориј за митрополит на кумановско-осоговската епархија, откако досегашниот кумановски владика Јосиф поднесе оставка од здравствени причини. На хиротонија и интронизација на новоизбраниот епископ сарандопорски г. Григориј за митрополит кумановско-осоговски, присуствуваа и претставници од државниот и политичкиот врв.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden