Архитектот Благој Здравев од Штип даруваше  проект за камбанаријата на црквата “Св. Архангел Михаел” во Пустец

Дипломираниот инженер архитект Благој Здравев од Штип бесплатно изготви проект за камбанаријата на црквата во Пустец, Мала Преспа, кој денеска им беше претставен на надлежните.
Од мое лично име, во име на локалната власт и жителите на Пустец искажувам голема  благодарност на дипл.инж.арх. Благоj Здравев, од Штип коj даруваше архитектонски проект за камбанариjата на црквата “Св. Архангел Михаел” во Пустец, рече градоначалникот Пали Колефски.
Овој преубав божји храм  е во центарот на Пустец и  го разубавува плоштадот „Гоце Делчев” а камбанаријата ќе биде висока 15 и широка 4 метри.
Храмот е во тек на доградување од внатре и градежните работи се во тек. Но, на овој наш свет храм му недостасува камбанарија. За жал, камбаната ја имаме, обесена е на едно железо, кое не е соодветно за тоа, изјави неодамна  намесникот на парохијата, отец Алексо Темелко.

Тој во име на црковниот одбор а по барање на жителите тогаш  упати апел до сите верници, според нивните можности, да донираат за изградба на камбанаријата, која, како што рече е повеќе од неопходна. И тој денеска искажува голема благодарност и божји благослов до Здравев и сите кои дарувале и ќе даруваат средства за изградба на камбанаријата.

Advertisement