
На воениот стадион во Градскиот парк во Скопје утре ќе биде одбележан Денот на Армијата на Македонија, cвеченоста ќе се реализира во согласност со протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници. Како што најавија од Генералштабот на Армиата обраќање ќе имаат претседателот на Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. На свеченоста од страна на претседателот Пендаровски со Орден за воени заслуги ќе се одликуваат баталјонот за воено-медицинска поддршка, третиот пешадиски баталјон од првата пешадиска бригада.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden