Армор Плус единствената компанија од Македонија што ќе учествува на престижниот меѓународен саем “Interschutz 2026”

Фото: Армор Плус

Македонската компанија Армор Плус е единствената компанија од Македонија што ќе учествува на престижниот меѓународен саем “Интершутз – Interschutz” 2026

Армор Плус првата македонска компанија со сертифицирана противпожарна опрема од домашно производство, ќе учествува на најголемиот светски саем за противпожарна заштита, безбедност и спасување – INTERSCHUTZ 2026, кој ќе се одржи во Хановер, Сојузна Република Германија.

Компанијата ќе се претстави со сопствена иновација и инженерски решенија развиени во Македонија, со што домашното знаење и технологија ќе бидат дел од глобалната безбедносна инфраструктура. Настапот на саемот претставува значајно меѓународно признание за македонскиот индустриски и технолошки капацитет во областа на противпожарната заштита.

Посетителите ќе можат да ја посетат македонската презентација во Хала 13, Штанд B74.