
Новости во кое, меѓу другото, зборувал за улогата на Турција во настаните во неговата земја, но и за најновите конфликти во Нагорно Карабах. Асад посочува дека однесувањето на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е опасно од повеќе причини.
„Да бидам искрен и јасен, претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган ги поддржува терористите во Сирија, ги поддржува терористите во Либија, беше главен иницијатор на неодамна започнатите судири во Нагорно-Карабах меѓу Азербејџан и Ерменија. Неговото однесување, генерално, е опасно од неколку причини.
Прво, бидејќи е одраз на линијата на муслиманските браќа, а тие се екстремистичка, терористичка групација. Второ, тој започнува војни во различни региони за да го одвлече вниманието од јавното мислење во Турција од своите постапки внатре во државата, посебно по неговите скандалозни врски со ИСИС во Сирија“, вели Асад. На прашањето дали може да потврди дека постојат извештаи дека терористите, кои претходно војувале во Сирија, се префрлени во зоната на ерменско-азербејџански конфликти, Асад вели дека може да потврди тоа, но не затоа што имаат докази, бидејќи дури и кога нема докази, постојат одредени индикатори.
„Турција користела терористи од различни земји во Сирија. Истите методи ги користеа и во Либија, користеа терористи од Сирија, можеби и од други земји. Фактот дека тој ги користи истите методи во Нагорно Карабах не бара докази, ова е многу веројатно, бидејќи како што веќе реков, Турција беше таа што доведе до овој проблем, го започна овој конфликт , го поттикна. Турција сакаше да постигне нешто и планира да ги користи истите методи. И затоа можеме со сигурност да кажеме дека користи терористи од Сирија и други земји во Нагорно Карабах“, изјавил Асад.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden