
Атанас Плоча веќе втора година ја извршува функцијата заменик-градоначалник на Општина Пустец, кандидат на единствената македонска партија Македонската алијанса за европска интеграција. Во време кога довербата во институциите е сериозно нарушена, неговиот ангажман претставува светол пример дека чесноста, одговорноста и посветеноста кон граѓаните сè уште имаат свое место во јавниот живот.
Како човек близок до народот, Атанас Плоча им служи подеднакво на сите граѓани на Општина Пустец, со посебна грижа и внимание кон потребите на македонската заедница. Неговата работа не се темели на празни ветувања, туку на конкретни дела, отвореност и подготвеност секогаш да помогне.
Токму затоа, Македонците од Општина Пустец високо ја ценат неговата ангажираност и искрен пристап.
Во период кога албанските медиуми секојдневно објавуваат вести за корупција и злоупотреби на функциите на локално, регионално и централно ниво, Атанас Плоча се издвојува како редок пример на функционер кој функцијата не ја доживува како средство за лична корист, туку како обврска и чест да му служи на народот. Неговата работа покажува дека институциите можат да бидат чесни и ефикасни кога ги водат луѓе со интегритет.
Атанас Плоча е дипломиран цариник во Република Македонија, татко на две деца и човек со богато професионално искуство. Долги години работеше во банкарскиот сектор во градот Корча, каде беше високо почитуван од жителите на целиот Корчански округ, кои секојдневно сведочеа за неговата професионалност, коректност и човечки однос.
Неговиот животен и професионален пат е доказ дека чесните луѓе можат и треба да бидат дел од институциите. Атанас Плоча не е само заменик-градоначалник, туку и симбол на надеж дека Општина Пустец може да се развива со луѓе кои работат во интерес на граѓаните, а не во интерес на лични или партиски привилегии.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden