Author Archives: Весник Илинден

Продановски: Прилеп е мојот град, ќе се борам за иднината на нашите деца

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, Дејан Продановски, им се обрати на граѓаните со порака дека неговата кандидатура не е заради чест или титула, туку заради иднината на градот и неговите жители. „Прилеп е мојот град. Тука сум пораснал, тука живеам, тука сакам да ја гледам иднината на моите деца и на сите наши деца. Тоа е мојата најголема причина ...

Read More »

Божиновска на „Јас сум жена“: Визијата е јасна – доволно енергија за граѓаните и зелени извори

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, на панелот „Жени во енергетиката“ во рамки на Конференцијата „Јас сум жена“ истакна дека визијата на Министерството е Македонија да биде земја која произведува доволно енергија за сопствени потреби, со поголем дел од капацитетите од обновливи извори, модерна и дигитализирана мрежа и интегрирана во европската енергетска архитектура. Македонија треба да биде енергетски стабилна за граѓаните ...

Read More »

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе блесне, не правам поделби туку обединувам

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, на првата прес-конференција во рамки на локалната кампања истакна дека негов приоритет е хигиената и чистотата на главниот град. „Ветив дека во првите 72 часа откако ќе го преземам местото градоначалник на Скопје ќе започнеме со активност каде ќе се вклучат сите општини. И за 72 часа, Скопје ќе блесне. Тоа ...

Read More »

Доктор Лефтер Манче од Канада го прослави деведесетиот роденден во Македонија со Фондација

Во хотел “Мериот” во Скопје, доктор Лефтер Манче, со голем број пријатели и гости, го прослави својот деведесетти роденден со промоција на Фондацијата “Доктор Лефтер Манче”. Доктор Лефтер Манче е Македонец од насилно прогонетите деца во 1948 година од Егејскиот дел на Македонија за време на таканаречената Граѓанска војна во Грција 1946-1949 година, голем хуманист, филантроп, естетски хирург, трансплантер, универзитетски ...

Read More »

Македонија: Стратешкото партнерство да се запечати со слободен влез во САД

Визното олеснување со САД повторно се враќа на маса во рамките на стратешкиот дијалог Познавачите на дипломатските состојби се согласни дека земјава требало подобро да го искористи стратешкото партнерство и со време да ги почне процедурите за укинување на визниот режим со САД, кои траат и повеќе од 10 години, па затоа предлагаат веднаш да се почне интензивно да се ...

Read More »

Нови санкции против Иран

Обединетите нации повторно воведоа санкции против Иран, една деценија откако беа суспендирани како дел од значаен договор за ограничување и следење на контроверзната нуклеарна програма на земјата. Франција, Германија и Обединетото Кралство рекоа дека немаат друг избор освен од денеска да ги активираат санкциите, обвинувајќи го Иран дека не ги исполнува своите обврски според договорот. Но, тоа може да значи ...

Read More »

Македонија: Осветена црквата Свети Константин и Елена во Скопје (ФОТО)

На 28 септември 2025 година, во Неделата по Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан – во сослужение со Нивните Високипреосвештенства, Митрополитите: Преспанско-пелагониски г. Петар, Повардарски г. Агатангел, Крушевско-демирхисарски г. Јован, Брегалнички г. Иларион, Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Кумановско-осоговски г. Григориј и Дебарско-кичевски г. Георгиј; со Неговото Преосвештенство, Епископот Дељадровско-илинденски г. Јоаким, како и ...

Read More »

Сиљановска-Давкова од Детроит: Државата ќе продолжи да вложува напори да ги зацврсти врските со дијаспората

Дијаспората мора да биде рамноправен партнер во градењето на Македонија како пристојно место за живот каде младите ќе остануваат и каде вие, иселениците, ќе ја остварите вашата потрага по среќа, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова на гала-вечерата организирана од страна на Обединетата македонска дијаспора – ОМД во Детроит, во рамки на работната посета на САД. Трагајќи по среќата, некои од ...

Read More »

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа 

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа. На 26 септември 2025 се направени прегледи од страна на бугарски лекари и во самите слики се гледа бугарското знаме во државна амбуланта во Пустец ова е преседант бидеќи е државна инситуција каде живе Македонско население призната од албанска држава. Секому е ...

Read More »

ОМО “Илинден” предлага заедничко чествување на културната автономија на Пиринска Македонија

Обединетата македонска организација “Илинден“ предложи Бугарија и Македонија заеднички да го чествуваат прогласувањето на културната автономија на Пиринска Македонија, како важен историски настан од 9–10 август 1946 година. „Овој настан претставува краткотраен, но значаен чекор кон признавање на идентитетот и културните права на македонското население во Пиринскиот крај. Неговото заедничко одбележување би било израз на добра волја, демократско разбирање на ...

Read More »