Австралискиот Министер за Емиграција на Велигденска служба во Македонската Православна Црква Св.Петка во Рокдајл

Австралискиот министер за емиграција, мултикултура и државјанства, Дејвид Колман присуствуваше на велигденската служба по повод Велигден во Македонската Православна Црква Света Петка во Рокдајл.

Министерот Колман го дочека Христовопто Воскресение по покана на Австралиско Македонскиот Совет на НЈВ  заедно со македонските верници по сите православни обичаи  од вртење околу црквата па до кршењето со велигденските јајца.

Црковната служба ја предводеше отец Владо Недески заедно со отец Александар Ивановски кој со црковниот хор и верниците го дочекаа христовото воскресение и овде на петтиот континент. Отец Недески се заблагодари на присутните верници кои броеа повеќе стотони и посебни се заблагодари на честа и присуството на високиот гостин./www.shilomagazine.com.au

Advertisement