Австрија забрани носење бурка на јавни места

Во Австрија стапи во сила новиот закон се забранува носењето на бурка на јавни места од први октомври. Забраната за бурката и за други покривки на лицето уследи по слични потези во други земји од Европската унија, почнувајќи од Франција во 2011 година. Во Австрија, оние кои ќе го прекршат законот ќе бидат казнети до 150 евра, во согласност со законот донесен од парламентот во мај и потпишан од страна на претседателот на Австрија.