Австрискиот канцелар Курц поднесе оставка по Обвинувањата за корупција

Австрискиот канцелар Себастијан Курц вечерва поднесе оставка, пренесува германски Билд. Обраќајќи се до нацијата, Курц рече дека неговата татковина е најважна за него. Австрискиот канцелар Себастијан Курц е под истрага поради сомневање за корупција по претрес на неколку министерства и канцеларии на владејачката Народна партија на Австрија (ОВП), со која тој раководи.

Покрај Курц, Обвинителството за борба против корупцијата спроведе истрага за уште девет лица и три организации. Тој е под истрага по обвинувања дека државните пари од Министерството за финансии биле користени во корумпирани бизниси, со цел да се обезбеди позитивно известување во таблоиди.

Сегашните коалициски партнери на Курц, Зелените, во петокот јасно ставија до знаење дека продолжувањето на нивната коалиција со конзервативците на Себастијан Курц ќе биде можно само без него, со оглед на сериозните обвинувања за корупција.

Претседателот на Австрија, Александар Ван дер Белен, претходно изјави дека постојат сериозни обвинувања и дека „резултатот е слика што не е добра за демократијата“. Подемот на Курц до врвот на Австриската народна партија (ОВП), како што е наведено во обвинувањата, беше обезбедено со разубавени анкети и купени медиумски извештаи од 2016 година.

Advertisement