Автомобил во Берлин влетал во толпа луѓе, има жртви и повеќе од 10 повредени

Едно лице загинало, а 10 се повредени кога автомобил влетал во толпа луѓе во Берлин. Непознат маж влетал во толпа со автомобил Рено – објави германски „Билд“.

Не е познато дали станува збор за напад или мажот изгубил контрола над возилото. „Билд“ пренесува дека возачот на автомобилот е уапсен.

Инцидентот се случил недалеку од местото каде што беше извршен терористичкиот напад на Божик во 2016 година, во кој загинаа 11 лица.

Advertisement