Башар ал Асад е во Москва објавија руските државни медиуми

Руските државни медиуми јавуваат дека соборениот сириски претседател Башар ал Асад е во Москва со своето семејство.

Повикувајќи се на извор од Кремљ, рускиот државен медиум ТАСС објави дека Асад и членовите на неговото семејство добиле азил во руската престолнина. Истото го потврди и рускиот државен медиум РИА.

Претходно, зраелски новинар на Аксиос објави дека и американските и израелските власти веруваат дека Асад е во Русија.