Благодарница од Советот на Округот Корча за уметниците од Фолклорната група „Преспа“ (ФОТО)

Советот на Округот Корча ги одликува со благодарници, со гордост и длабока почит се сеќаваме на трите уметници кои  дадоа душа на песната, играта и традицијата на областа Преспа:

  • Панделина Камбо (Вурмо), играорката која ги осветлуваше фолклорните сцени во 70-тите години.

  • Менка Науми (Терпо), симбол на преспанската игра во 80-тите години.

  • Тако Каце, кларинетистот кој со своите звуци ги допре срцата на цели генерации ова признание се доделува постхумно, како вечна благодарност за неговиот непроценлив придонес во нашето културно наследство.

Денес, по нивните стапки, Фолклорната група „Преспа“ ја одржува жива традицијата и нè претставува достоинствено насекаде.