Благодатниот оган е во параклисот на Божјиот гроб во црквата Воскресение Христово во Ерусалим

 

Илјадници христијански верници од повеќе држави се собраа денеска кај црквата Воскресение Христово, Светиот гроб во Ерусалим, каде присуствуваа на симнувањето на Благодатниот оган.  Пред Велигден, Благодатниот оган се пали на гробот на Исус Христос за време на молитва што ја води патријархот ерусалимски и на цела Палестина, Теофил Трети. Верниците го поздравија симнувањето на Благодатниот оган со зборовите – Христос воскресе! Навистина воскресе! Патријархот потоа пренесе пламен до верници кои го користат за да запалат 33 свеќи, по една за секоја година од животот на Исус.