Борис Џонсон е новиот британски премиер

Џонсон убедливо победи во трката на Конзервативната партија. Освои 92.153 гласови наспроти 46.656 колку што освои неговиот противкандидат Џереми Хант. Излезеноста била 87,4 отсто, објави Конзервативната партија.

По победата, Борис Џонсон рече дека било привилегија да служи во кабинетот на Тереза Меј и да ја види нејзината страст и решителност.

Тој рече дека е „извонредна чест и привилегија“ да се биде избран за лидер на ториевците.

„Ви благодарам на сите за неверојатната чест. Времето за кампања заврши и сега почнува времето за работа да ја обединиме нашата земја и партија, да го спроведиме брегзит и да го победиме Корбин. Ќе продолжам да работам со сета сила да ви се оддолжам на довербата“, напиша Џонсон на Твитер.