Граѓанското здружение „Бадникови поворки“, кое години наназад макотрпно се труди за разубавување на празничната атмосфера за празникот на светлото Рождество Христово – Божик и за негово достоинствено прославување во духот на православната традиција, и оваа година на македонската јавност ѝ подари уште еден прекрасен спот со најпознатата. Со најголема љубов и доверба, Ви го подаруваме спотот за третата верзија на „Вечниот Бог“ снимена јануари 2023 во режија на Дејан Пројковски, Горан Наумовски – директор на фотографија и Стојан Стојановски – камера и монтажа, а во изведба на Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски и Златно славејче.
Создадовме дело што треба да го предизвика вниманието на новата генерација деца, на коишто имаме света должност да им ја пренесеме нашата православна традиција на празнување Бадник и Божик, онака како што нашите претци ни ја оставиле нам во предание. Едноставноста на амбиентот и скромната трпеза во спотот, сведочат за вистинските вредности на Христијанинот и за миг ни ги ослободуваат сетилата од пренатрупаноста на секојдневието, за да можеме да го почувствуваме Божик во срцето, да се Роди Христос во јаслите на нашите души.
Низ ова визуелно дело, ги поучуваме нашите деца, наместо кон обилна телесна гозба, да стремат кон ангелската храна, кон слатката гозба на верата, на правдата, на христијанската радост. Па така, на Божик, да ги посетиме и прегрнеме ближните, заборавените, немоќните, да споделиме, да си простиме! Останатиот дел од екипата што го создаде ова аудио-визуелно дело за да остави трајна вредност во нашата колективна меморија, е составена од:
Актери: Крсте Јовановски, Петар Мирчевски, Валентина Грамосли
Лука Николоски, Јордан Цветкоски, Теофанија Костоска, Јустина Петреска, Лука Аритоновски, Петар Танески, Јована Блазеска, Теодора Бпреслиева, Марија Филипов Илиева, Ристе Филипов
Владимир Димовски – Аранжман и оркестрација
Владимир Цветковски – виолина, Владимир Димовски – виола, Кирил Јосифов – виолончело, Митко Иванов – контрабас, Иван Еминовиќ – клавијатури и синтисајзер, Симона Богоевска – харфа, Кристина Љушкоска – флејта, Петар Христов – сопран, саксофон, алт саксофон, Мојца Седеу – тимпани, чинела
Хор – Златно славејче
Студио „Алшар“ – Ивица Јанкуловски
Маргарита Миновски – шминка, Викторија Бурсаќ – стилист, Венко Пашовски, Летка Филипова, Ромео Петрески, Аце Ставрески, Горан Ангелоски
Дејан Донески, Здружение за грижи и воспитување на деца
Да му благодариме на Бога што после двегодишна пандемија, конечно можеме да го прославиме Божик сите заедно, со небесна радост, и да се помолиме, со Христовото Раѓање, во нашите срца да се родат добри дела!
Христос се Роди!
Здружение „Бадникови поворки“