Браинстер Албанија со стипендии ќе ги поддржи талентираните студенти да стигнат до посакуваната кариера во ИТ-индустријата

Стипендии од Браинстер Албанија за сите коишто сакаат да започнат кариера во ИТ-секторот. Со цел да ги поддржи талентираните студенти од Албанија да добијат квалитетно образование за вработување во ИТ-индустријата, едукативно-технолошка организација Браинстер Албанија нуди можност за стипендии.

Преку овие стипендии, Браинстер Албанија овозможува два вида финансиска поддршка за запишување на Академијата за Front-End програмирање. Првата е целосна (со 100% покривање на школарината) и главен предуслов е кандидатите да се пријавени како невработени во државниот завод за вработување. Втората стипендија е делумна, со 50% покриеност на трошоците од цената на Академијата, а е наменета за млади лица кои што сакаат да започнат нова кариера.

„Како општествено одговорна организација, во чиј фокус се студентите и заедницата, Браинстер Албанија ќе додели целосни стипендии на мотивирани лица кои се регистрирани како невработени.. Делумните стипендии, пак, се наменети за сите поединци што сакаат да ја променат својата професија и да отпочнат нова. За да се стекнат со можноста за Браинстер стипендија, заинтересираните треба да аплицираат на нашата нашата веб-страница. По аплицирањето, во најкус можен рок ќе бидат исконтактирани од наши претставници во врска со закажување на информативна средба. Целта на средбата е заинтесираните подобро да се запознаат со нашата организација, но и ние да дознаеме повеќе за нив – која е нивната позадина и мотивација да започнат со учење на Front-End програмирање. По средбата ќе имаме добра претстава дали ни се поклопуваат целите едни на други“- вели Орјета Зулалај од Браинстер Албанија.

Местата за запишување на Академијата се ограничени и се очекува да бидат пополнети за многу брзо време. Аплицирањето за стипендиите ќе биде отворено еден месец, почнувајќи од 16 октомври, па сè до 16 ноември 2023 година.

„Со оваа кампања имаме три цели. Прво – да понудиме поголем пристап до квалитетно ИТ- образование и да не дозволиме финансиските услови да ги попречат најталентираните и најмотивирани индивидуи од желбата да започнат кариера во Front-End програмирањето. Второ – силно веруваме во неискористениот потенцијал на албанската младина. Овозможувајќи им програма за потребните вештини и знаење, ние инвестираме во идните лидери и иноватори во албанскиот ИТ-сектор. И трето – тука сме да ја пружиме нашата поддршка на самиот ИТ-сектор, бидејќи на долг рок очекуваме оваа активација да резултира со зголемен степен на иновација, креирање на повеќе стартапи и воспоставување на Албанија како значаен ИТ-центар во регионот“, вели Стефан Смиљаноски, извршен директор на Браинстер Албанија.

Канцеларија на Браинстер Албанија беше отворена пред неколку месеци во Тирана. Првично е понудена Академијата за Front-End програмирање, преку која студенти ќе се запознаат со потребните вештини да изградат успешна кариера во ИТ-индустријата.

Предавањата на Академијата за Front-End програмирање ќе започнат на почетокот на декември, оваа година. На Академијата, која ќе трае 12 месеци, ќе предава инструкторскиот тим составен од докажани експерти од албанскиот ИТ-сектор, кои своето знаење и контекстуално искуство ќе им го пренесуваат на студентите преку работа на реални проекти за реални компании. По завршувањето на Академијата, најдокажаните студенти ќе имаат можност за пракса и/или вработување во компании-партнери на Браинстер Албанија.

Advertisement