Бугарија става крај на продажбата на државјанства

Бугарија става крај на програмата за продажбата на државјанства – соопшти Министерството за правда во Бугарија, додавајќи дека тој систем не ја донел очекуваната финансиска корист „Податоците укажуваат дека не е постигната целта на зголемување на реалните странски инвестиции и економски развој. Не се отворени нови работни места и не е забележан економски раст“, се наведува во соопштението на Министерството.

Оттаму наведуваат дека од 2013 година, околу 50 странци од Русија, Израел и Пакистан купиле бугарско државјанство. Бугарија е една од трите членки на ЕУ, заедно со Кипар и Малта, која продава државјанства за одредени инвестиции, како и права на престој. Европската комисија претходно предупреди дека ваквиот систем на продажба на државјанства создава услови за влез на банди од организираниот криминал во блокот и го зголемува ризикот од перење пари, корупција и затајување данок.

Advertisement