Македонци – Албанија

Светата архиерејска литургија во црквата “Свети Архангел Михаил” во Пустец

Денес во црквата “Свети Архангел Михаил” во Пустец, Мала Преспа за првпат неделна света архиерејска литургија одржа Корчанскиот митрополит Неговото Високопреосвештенство г. Јован со свештеници од корчанската епархија на Албанската Православна Црква. На светата архиерејска литургија присуствуваа повеќе верници Македонци православни, градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко и Васил Стерјовски, генерален секретар на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Read More »

Честитка од Македонско друштво “Илинден”–Тирана по повод почетокот на Рамазанските пости

Почитувани верниците од Исламска Вероисповед во Република Албанија и во целиот свет во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви упатуваме честитки по повод почетокот на Рамазанските пости. Во духот на празникот. Ви посакуваме лесни Рамазански пости. На сите припадници на исламската вероисповед им посакуваме мир, благосостојба, љубов и проштевање.

Read More »

Одбележан денот на писменоста и просветата во Албанија

Вчера општина Пустец го одбележа Денот на писменоста и просветата во Долна Горица, со историски час и рецитации за светите солунски браќа рамноапостолите Кирил и Методиј Македонците. Присутните ги поздрави градоначалникот на општина Пустец Едмонд Темелко, а за ликот и делото на македонските и сесловенските просветители светите солунски браќа Кирил и Методиј Македонците, зборуваше писателот Спасе Мазенковски. Песни за Светите ...

Read More »

Манифестација “Промовирање на туризмот во Областа Гора”

  Во Шиштеец областа Гора на 24.05.2017 година се организира манифестацијата “Промовирање на туризмот во Областа Гора” манифестацијата беше организирана од страна на Округот Кукс. На манфестацијата беа изведени изворни македонски народни песни и ора од областа Гора. Регионот на Гора, поделен е на три држави, Албанија, Косово и Македонија. Во областа Гора во Албанија има девет села населени со Македонци. Во ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво “Илинден” –Тирана по повод „Св. Кирил и Методиј“

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај од свое и од име на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Ви го честита 24 Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј. Со ова празнување им оддаваме почит на светите браќа од Солун Кирил и Методиј како основоположници на словенската писменост и литература основачи на првата словенска азбука – ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана се приклучи во иницијативата малцинство SafePack

  Македонско друштво “Илинден“-Тирана се приклучи во иницијативата малцинство SafePack. Кампањата за иницијативата малцински SafePack, започна во петокот вечер во замокот Bonțida Bánffy. Повеќе од 400 луѓе од сите страни на Европа учествуваа на настанот организиран како дел од Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Ханс Хајнрих Хансен, претседател на иницијативата малцински SafePack започна својот говор со читање писмото на Франс ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана за време на конгресот освари средби со преставници на ФУЕН

Од 17-21 мај 2017 година се одржа 62-от Конгрес на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) во Клуј-Напока, Република Романија. На Конгресот присуствувале претставници на 50 асоцијации 300 делегати на повеќе од триесет малцинства од 30 земји во Европа и 50 новинари. Покрај другите, во неговата работа учестуваше и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај. Она што беше исклучително ...

Read More »

Хуманитарен концертот во Мала Преспа

Хуманитарен концерт ќе се оржи во Пустец, Мала Преспа  на 11 јуни 2017 година срествата ќе се донират за црквата Св. Архангел Михаил во Пустец. На хуманитарниот концерт ќе настапат голем број македонски музичари како Благојче Стојановски – Туше, Анета Мицевска и група Молика, Елена Јовческа, групата маестрал Битола.  

Read More »

Федералната унија на европските националности изгласа резолуција за правата на Македонците во Албанија поднесена од Македонско друштво „Илинден“-Тирана

    Македонско друштво „Илинден“-Тирана, како официјален член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) го искористи правото да достави резолуција до 62 конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) што се одржа во Клуј-Напока/Република Романија од 17- 21 мај 2017 година за правата на Македонците во Република Албанија. Резолуција е изгласана унинанимно од сите делегати на  Федералната унија ...

Read More »