Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со неговиот колега, премиерот на Република Албанија, Еди Рама, денеска беше во посета на општина Пустец, областа Мала Преспа. Премиерот Заев, придружуван од заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерката за образование и наука, Рената Дескоска заедно со премиерот на Албанија, Рама, кој беше придружуван ...
Read More »Македонци – Албанија
Премиерот на Република Македонија ќе ги посети Македонците во Мала Преспа
Претставниците на Владите на Република Македонија и на Република Албанија, ќе ја одржат заедничката меѓувладина седница на 15 декември 2017 во Поградец, Албанија. Во 14:30 часот пред хотелот Химети Палас во Поградец, премиерот Рама и владините претставници на Албанија ќе организираат свечен пречек за премиерот Заев и македонската владина делегација. Потоа, во хотелот ќе се одржи меѓувладината седница ...
Read More »Грците ја почувствуваа маката на Македонците
Во пресрет на новата рунда преговори за спорот за уставното име на Република Македонија, кои претстојната недела ќе се одржат во Брисел, агенциите пренесоа интересна вест од соседна Албанија, каде што партијата на грчкото малцинство во Албанија – Партија за заштита на човековите права, по повод 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, организира тркалезна маса на тема „Законот за ...
Read More »Новиот закон за малцинства во Албанија не ги решава проблемите на македонската заедница
Во Тирана, Партијата за човекови права, по повод 10-ти декември, Меѓународниот ден на човековите права, организираше тркалезна маса на тема „Законот за заштита на националните малцинства, де факто, чекор назад за почитување на нивните права“. Учествуваа преставници на грчката, македонската, влашката, ромската и египќанската заедница во Албанија, како и преставници на странските амбасади во Тирана. Како што истакнува Васил ...
Read More »Големиот Македонец од Голо Брдо Поп Станко Илиа Која (1896 – 1941)
Роден е во 1896 година во Ѓиноец, областа Голо Брдо. По завршувањето на училиштето, служел 3 години како поп во областа Шпат, Елбасан. После заминувањето од Елбасан се вратил во областа Голо Брдо каде служел како поп до крајот на животот. Во времето кога служел како поп во родното место Ѓиноец, во областа Голо Брдо многупати добивал закани за по ...
Read More »Кој е Едмонд Темелко претседател на Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ)
Мала Преспа или Долна Преспа, како Преспанци ја нарекуваат, е географска област покрај југозападниот брег на Преспанското Езеро. Целата област се состои од десетина села коишто се организирани во Општината Пустец. Селото Пустец, пак, е најголемата населба, а истовремено е и седиште на општината, чиј градоначалник и сите членови на советот на оваа, за жал, единствена македонска општина се етнички ...
Read More »Македонците во областа Гора без електрична енергија
Како резултат на врнежи од снег, областа Гора целосно е бес електрична енергија, додека руралните патишта кои сите села се проодни. Невремето кое ја зафати Албанија отсече повеќе региони и остави бес струја повеќе општини во земјата.
Read More »Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана за 28 ми – 29 ноември денот на Независноста и денот на ослободувањето на Албанија
Почитувани во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви го честита 28 ми ноември Денот на Независноста на Република Албанија и 29 ноември Денот на ослободувањетo – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.
Read More »Едмонд Темелко излегува од притвор судот мерката ја замени со куќен притвор
Kривичниот совет му го укинал притворот на Едмонд Темелко, гадоначалник на општина Пустец и претседател на Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ) во Албанија, и му определил мерка куќен притвор, потврдуваат од Кривичниот суд. Кога тој ќе може да го напушти притворското одделение зависи од процедурата за прием на решението и негово спроведување. Инаку Темелко беше притворен пред два месеци на ...
Read More »Средновековен кирилски ракопис богаство на Македонците од Албанија се чува во Русија
Орбелскиот триод претставува средновековен кирилски ракопис, потекнува од втората половина на XIII век има 241+4 пергаментни листа. Ги содржи двата дела на триодот, посниот и цветниот, како и пирамии и делови на уставот. Во ракописот се спомнуваат и имињата на Св. Кирил и на Св. Методиј, како и имињата на преподобните пуснтиножители Јован Рилски, Јоаким Осоговски и Прохоп Пчински. Името го носи според ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden