Македонци

Македонско друштво „Илинден“-Тирана најостра осуда за одлука на Бугарскиот Парламент

  Македонско друштво „Илинден“-Тирана ја смета за провокација во континуитет, вчерашната одлука на Бугарскиот Парламент за преименување на 24 Мај од “Ден на словенската писменост“ во “Ден на бугарската писменост“ со барање до Европската Унија “кирилицата да биде призната како бугарска азбука“! Тоа е провокација, не само кон Македонија туку и кон останатие држави со население со словенски корени. Македонско ...

Read More »

Наставникот по историја, Спасе Терпо го направи првиот етнографски музеј во Пустец (ВИДЕО)

Македонското материјално наследство од селата во областа Мала Преспа, кои се наоѓаат на албанска територија е исклучително богато. Тоа, воедно сведочи за историјата и традицијата на македонското население од овие преспански села. Тоа што локалните власти не го направија со децени, го направи наставникот по историја од училиштето во Пустец, Спасе Терпо. За да го осмисли и реализира својот проект, ...

Read More »

Македонско друштво „Илинден“-Тирана апелира за помош за операција на Васил Јанкула, преспанскиот херој 

Вклучувајќи се во акцијата, Македонско друштво „Илинден“-Тирана, упати апел секој кој колку може да донира средства за операција на Васил Јанкула, кој поради неговата храброст и покрај болеста, познат е како преспански херој. Васил Јанкула (29), Македонец од Албанија роден е во селото Туминец, Мала Преспа. Боледува од церебрална парализа поради породилна траума по време на породувањето и од таму ...

Read More »

Македонците во областа Гора со нов пат Драгаш-Рестелица и до границата со Македонија (ФОТО)

По иницијатива на партијата „Единствена горанска партија“ деновиве забрзано се одвиваат градежните работи за изградба на патната инфраструктура во областа Гора на Косово. Владата на Косово го продолжува проектот за изградба на патот Жур-Драгаш, Рестелица-Стрезимир кон Македонија и Драгаш-Брод. Заедно со пратеникот во Косовскиот Парламент, Адем Хоџа, претседател на партијата „Единствена горанска партија“, обиколка на градежните работи извршија министерот на Косово за ...

Read More »

Сара Џелили, Македонка од Голо Брдо учесник на конкурс за средношколски есеи распишан од Меѓународен Славјански Универзитет ,,Гаврило Романович Державин” – Свети Николе

Поетска манифестација средношколски есеи распишан од Меѓународен Славјански Универзитет ,,Гаврило Романович Державин” – Свети Николе. Манифестацијата со својата благородна мисија има цел афирмирање, пренесување и зачувување на македонскиот јазик, не само во Македонија туку и низ целиот свет. Сите љубители на поезијата по претходно објавен конкурс имаа можност да станат дел од промоторите на пишуваниот поетски, македонски јазик и литературата ...

Read More »

Македонците од Германија од МНР бараат подобрување на услугите во дипломатско-конзуларните претставништва

Ние, Македонците кои живеме во Германија, се обраќаме до Вас со желба да се оптимираат услугите на нашите служби во Германија. Бројот на доселеници од Македонија во Германија расте од година во година. Додека потребата за точни и брзи информации се зголемува, начинот на работење на нашите дипломатско-конзуларни претставништва остана ист. Услугите кои ги добиваме од нив ги оценуваме како ...

Read More »

ИНТЕГРА донираше учебници и работни тетратки за учениците во Пустец 

Денеска во Пустец, областа Мала Преспа ИНТЕГРА, македонска конзервативна партија донираше учебници и работни тетратки по математика и природни науки за ученици во основното образование. Со цел да се реши проблемот, со кој се соочуваа училиштата во општина Пустец, кои се соочуваа со недостиг од учебници по математика и по природни науки на македонски јазик, на барање на Македонска алијанса ...

Read More »

Македонско друштво „Илинден“-Тирана го честита Eвропскиот ден на јазиците – мајчиниот јазик е најголемо обележје на националниот идентитет

Македонско друштво „Илинден“-Тирана по повод одбележувањето на 26 Септември Ден на европските јазици упати честитка, до сите Македонци каде и да се, со порака да го зачуваат мајчиниот јазик зашто тоа е најголемото обележје на националниот идентитет,но и да научат и други јазици затоа што тоа е алатка за стекнување поголемо меѓукултурно разбирање. Честитајќи ви го денешниот празник, сакаме да ...

Read More »

Илија Дигалов (1890, В’мбел, Костурско – 26 ноември 1922, Глобочени, Мала Преспа) македонски револуционер, деец на ВМОРО

Илија Дигалов (1890, В’мбел, Костурско – 26 ноември 1922, Глобочени, Мала Преспа) македонски револуционер, деец на ВМОРО, костурски и преспански војвода. Илија второ одделение учел во грчко училиште, а други две години во бугарско. Уште од млади години бил курир на ВМОРО. За време на Балканските војни е комита во четата на Васил Чакаларов. По Балканските војни станува подофицер на ...

Read More »

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со г-дин Горан Шумкоски преседавач на Родина – Македонија

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај, по покана на Родина – Македонија ја посети канцеларијата на Родина во Прилеп и оствари средба со г-дин Горан Шумкоски преседавач на Родина – Македонија. Претседателот Шукоски ги поздрави сите заложби, посветеноста и ангажманот на македонското друштво “Илинден”-Тирана во насока на унапредување на позицијата и правата на Македонско национално малциство во Албанија. На ...

Read More »