Претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана оствари работна средба со претседателот на МАНУ академик Љупчо Коцарев

На 4 ноември 2020 година, Претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, беше во посета на Македонската академија на науките и уметностите, МАНУ во Скопје и освари средба со Акад. Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, и Акад. Витомир Митевски, претседател на Библиотечниот одбор на МАНУ. На средбата се разговараше за состојбата на Македонците во Република Албанија и за активностите на Македонско друштво „Илинден“-Тирана. Се додава дека раководството на друштвото ќе продолжи со активностите за „воспоставување, проширување и унапредување на соработката со значајни институции во матичната земја, Македонија“.

Advertisement