Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај на 16.01.2018 година во Министерството за надворешни работи на Република Македонија оствари средба со г-дин Виктор Димовски, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информира г-дин Виктор Димовски за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Албанија, ...
Read More »Македонци
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за Водици меѓу Македонците во Мала Преспа (ВИДЕО)
По повод големиот православнен празник Богојавлние-Водици денеска меѓу Македонците во Пустец, Мала Преспа беше македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој заедно со претставници на локалната власт и партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ ја посети и црквата „Свети Архангел Михаил“ што се наоѓа во центарот на Пустец. Министерот прсуствуваше и на положувањето на светиот крст,чин,што во ...
Read More »Стерјовски со факти и документи за постоењето на Македонци а не Бугари во Албанија
Генералниот секретар на единственета македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАИЕ) Васил Стерјовски, во настап на албанската национална телевизја „Топ Чанел“, изнесе италјански, бугарски и француски документи од 1923 година, со кои се потврдува дека населението во пограничниот регион помеѓу Албанија и Македонија се чуствувало и изјаснувало за Македонци, иако во тој период, како што вели, сме ...
Read More »Европската слободна алијанса: Македонците во егејска Македонија од 1913 година се предмет на етничко чистење
ММДЧП со задоволство објавува дека Европската Слободна Алијанса се приклучи на нашиот повик да се стави крај на антимакедонските преговори за името и повика на поддршка за Македонија за остварување на најосновното право за самоопределување. “ЕФА е единствената европска политичка партија која го брани правото на самоопределување, право засновано на меѓународното право. Правото да одлучувате за сопствената иднина истовремено ...
Read More »Протестен марш за Македонија пред владата на Гермнаија
Во организација на Македонската заедница во Германија, на 27 јануари 2018 година (сабота) се организира протестен марш ЗА МАКЕДОНИЈА! Собирно место на протестниот марш е во 13.00 часот пред Бранденбуршката порта (Brandenburger Tor – Pariser Platz, 10117 Berlin), од каде што присутните ќе се упатат до кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел. Од протестниот марш ќе се упати декларација ...
Read More »Македонците во Албанија ја одбележаа Стара нова година – Василица
Македонците во Албанија традиционално го прославја празникот Свети Василиј Велики,со кој се означува почетокот на Новата година, според јулијанскиот календар. Меѓу Македонците во Албанија, празникот е познат како Василица, и се прославува во духот на македонските обичаи и традиција. Според традицијата наследена од дедовци прадедовци, деца маскирани и со некој музики инструмент во рака одат од куќа во куќа ...
Read More »Честитка по повод Стара нова година и Св.Василиј – Василица од Македонското друштво „Илинден“-Тирана
Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честита Стара нова година 2018 и Св.Василиј – Василица со желба за многу лични успеси и бериќетна година! – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Или Халилај.
Read More »Европската слободна алијанса се приклучи на повикот на ММДЧП за прекинување на антиимакедонските преговори за името
Европската Слободна Алијанса се приклучи на повикот на ММДЧП да се стави крај на антимакедонските преговори за името и повика на поддршка за Македонија за остварување на најосновното право за самоопределување. “ЕФА е единствената европска политичка партија која го брани правото на самоопределување, право засновано на меѓународното право. Правото да одлучувате за сопствената иднина истовремено значи и право да ја дефинирате ...
Read More »Македонската Глобална Координативна Мрежа – Канада 24 февруари 2018 година организира голем Донаторски банкет
Македонската Глобална Координативна Мрежа – Канада на 24 февруари 2018 година организира голем Донаторски банкет за помош на Македонската Глобална Координативна Мрежа – Македонија (македонските патриотски организации во Македонија). Македонската глобална координативна мрежа (Macedonian global coordinative network) е формирана од Светскиот Македонски Конгрес – Канада, Меѓународното движење за човекови права на Македонците во Канада, Организацијата Обединети Македонци – Канада и ...
Read More »ММДЧП го осудува усвојувањето на неуставниот Закон за јазици и бара реакција од претседателот Ѓорге Иванов
Македонското меѓународно движење за човекови права го осудува изгласувањето на Законот за јазиците во македонското Собрание од 11 јануари, 2018 година. Овој закон е не само неуставен, затоа што му доделува официјален статус на албанскиот јазик без потребното двотретинско мнозинство во Собранието, туку тој и сериозно ги дискриминира оние коишто го говорат досега единствениот официјален јазик, македонскиот, и оние од ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden