Македонец од егејска Македонија приведен оти зборувал на македонски јазик во Грција

Македонец од Преспа, егејска Македонија попладнево бил приведен во Герман, Грција оти зборувал со новинар од Македонија на македонски јазик. Грчки полициски службеник го опоменал Македонецот од Преспа, Егејска Македонија да не зборува на македонски јазик. Но, откако разговорот продолжил и тој не ја послушал наредбата на полицаецот, бил приведен во полициската станица во Герман. Се преземаат мерки за расчистување на инцидентот.