Македонци

43 Црковно-народен собор на Северно-Американската Православна Епархија на Македонската Православна Црква – ОА

Од 1 до 3 септември годинава во соборниот храм “Свети Климент Охридски во Торонто, Канада, ќе се одржи 43. Црковно-народен собор на Северно-Американската Православна Епархија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија со благослов на Неговото Високопреосвештенство г. Методиј, Митрополит Северно-Американски.

Read More »

ММДЧП: Мојата етничка припадност е нападната

Дон Лемон и други новинари прашуваат дали ако го игнорирате расизмот сте расист. Па, кога еден кандидат за претседател на САД се однесуваше расистички кон мојот народ, ја доведуваше во прашање нашата легитимност како етничка група, бараше од мојата земја да си го смени името и идентитетот за да им удоволи на нашите потчинители, и поведе државен удар за промена ...

Read More »

Македонците во областа Гора со нов пат граничниот премин Шиштеец-Крушево

Овие денови започна асфалтирањето на патот граничниот премин Шиштеец-Крушево, овој роектот е финансиран од Европската Унија и е раководен од Канцеларијата на Европската Унија во Косово. Патот граничниот премин Шиштеец-Крушево ќе го олесни животот на жителите од двете страни на областа Гора, исто така, преку овој пат ќе има подобра комуникација, подобра размена, меѓу македонците во Областа Гора.

Read More »

Македонец од Турција пресреќен доби македонски пасош

  Многу ја сакам Македонија од срце, пресреќен сум што по три години чекање, добив македонски пасош. Сега и официјално сум Македонец. Во септември ќе дојдам таму и ќе студирам на Филолошкиот факултет на скопскиот универзитет „Св. Kирил и Методиј“ за да станам овластен преведувач од турски на македонски и обратно. Ќе добијам и лична карта. Вака со забележливи емоции ...

Read More »

Македонско друштво „Илинден“-Тирана бара интернационаланите изводи од матична книга да бидат и на македонски јазик

Македонско друштво „Илинден“-Тирана и разгранокот за Голо Брдо, во име на Македонците што живеат во Албанија, побараа од надлежната служба за водење матична евиденција, документите да бидат издавани на македонски јазик. До директорот на Генералната дирекција за матична евиденција, Бледар Дорацај, доставивме барање интернационаланите изводи од матична книга на родените и венчаните, како и други документи, кои ги издава оваа ...

Read More »

Македонците од цела Албанија во село Ербеле, областа Поле, Маќелара го одбележаа Св. Преображение (ФОТО)

  Македонците од цела Албанија се собираат во село Ербеле областа Поле, Маќелара на 18-19.08.2017 година го одбележаа големиот Христиjански празник Преображение кај црквата Св.Преображение која датира од 12 век. Ноќта пред празникот секој добронамерник и госин е срдечно пречекан кај домаќините.  На прослава за празникот Преображение присуствуваа Македонци со потекло од Ербеле кои што живат во Тирана, Драч, Елбасан, ...

Read More »

Стерјо Спасе (14. VIII 1914 – 12. XI 1989) големиот македонски писател и критичар од Албанија

Стерјо Спасе (14. VIII 1914 – 12. XI 1989) писател и критичар од македонско потекло. Автор е на проза и раскази, романи, учебници и репортажни записи. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби. Неговите дела се преведувани на неколку светски јазици. Стерјо Спасе е роден на 14 август 1914 година, во село Глобочани, Мала ...

Read More »

Албанскиот хелсиншки комитет ја доби Резолуцијата на ФУЕН за состојбата на Македонците во Албанија

Резолуцијата, којашто беше едногласно усвоена на 62.Конгрес на ФУЕН, а предложена од македонското друштво „Илинден“ – Тирана, е доставена до Владата на Република Албанија, до меѓународни и други институции во земјата. Известување дека е добиен документот добивме од Хелсиншкиот комитет, во кое стои дека оваа институција со голем интерес ја прочитале Резолуцијата и најавуваат брза средба со нас, изјави за ...

Read More »

Прва иселеничка средба кај манастирот “Св. Спас“ во Драгобраште

  Желбата на македонските граѓани кои работат во западноевропските земји да се видат меѓусебно и да се дружат, се реализираше викендов во близина на виничкото село Драгобраште. Дворот на манастирот “Св. Спас“ беше претесен да ги прими сите заинтересирани кои дојдоа на првата иселеничка средба што ја организираше македонското здружение “Камен мост“, односно “Понте Ди Петра“ од гратчето Канели во ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ве кани на годишната средба во село Ербеле-Маќелара кај црквата Св.Преображение

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија годишната средба во село Ербеле-Маќелара Република Албанија кај црквата Св. Преображение која датира од 12 век ќе се одржи на 18-19.08.2017 година. Сите сте добредојдени!

Read More »