Премиерот Димитар Ковачевски заедно со делегацијата на Македонија која е во дводневна посета на Ватикан и Рим по повод 24 мај – Денот на македонските и сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, денеска положи венец со цвеќе пред спомен плочата посветена на делото на светите браќа во базиликата Санта Марија Маџоре. Базиликата Санта Марија Маџоре има посебно место во хронологијата ...
Read More »Македонија
Македонскиот јазик во светлина на општословенската и црковнословенската јазична матрица
Историјата е врежана во културната меморија, без којашто не би имало никакви препознатливи и агилни идентитети. Дваесет и четврти мај е ден кој ги обединува, макар комеморативно и симболично, сите словенски народи без коишто се незамисливи европската историја, култура и современост. Денес е Ден кој нè потсетува дека словенските народи некогаш во минатото биле обединети јазично, верски и културно. Денес ...
Read More »Извршена канонизација на преподобниот игумен Јоаким Крчовски
Со света божествена литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија неговото блаженство г.г. Стефан, во сослужение со митрополитот Кумановско-Осоговски, г.Григориј, во божјиот храм на манастирот Свети Јоаким Осоговски денеска се изврши вбројување во диптихот на светите на Свети Јоаким Крчовски. Ова е историски ден и голема радост за сите кривопаланчани, но и за сите Македонци, а на ...
Read More »Мицкоски на средба со Зафировски, ко-основачот на “Македонија 2025”
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денеска заедно со Стефан Андоновски секретар за меѓународна соработка на партијата остварија средба со Мајк Зафировски, ко-основачот на “Македонија 2025”, и високи претставници на оваа организација. На средбата соговорниците разговараа за актуелната политичка и економска состојба, како и евроинтегративните процеси на државата. Претседателот Мицкоски изрази голема благодарност и ја поздрави долгогодишната активна заложби ...
Read More »Руската православна црква ја поздрави одлуката на СПЦ за Македонската православна црква – Охридска Архиепископија
Руската православна црква ја поздравува одлуката на Српската православна црква да ја обнови канонската заедница со Македонската православна црква – Охридската архиепископија“, рече Балашов истакнувајќи дека тоа претставува надминување на полувенковниот црковен раскол. Претходно, Светиот архијерејски синод на СПЦ излезе со соопштение за Македонската православна црква – Охридска архиепископија, во кое го признава канонскиот статус на МПЦ-ОА и најави повторно воспоставување ...
Read More »Српската православна црква одобри канонско единство со Македонската православна црква – Охридска Архиепископија
Српската православна црква одобри канонско единство со Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, и додели автономност, но не и автокефалност. Ова е одлуката донесена на Саборот на СПЦ. „Со благодарност кон Господ и со радост, Саборот го поздравува прифаќањето на општопризнаениот канонски статус, а тоа е статус на најширока можна автономија односно на полна внатрешна самостојност кој е доделен уште ...
Read More »Во Македонија отворен Почесен конзулат на Грузија
Во Македонија денеска е отворен Почесен конзулат на Грузија со седиште во Скопје, со кој ќе раководи проф. д-р Марко Андонов, декан на Факултетот за правни науки при Универзитет Американ Колеџ Скопје. Конзултатот треба да даде нов импулс во продлабочувањето на соработката помеѓу двете држави и народи во повеќе области по воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Скопје и Тбилиси во ...
Read More »Николоски со Пленковиќ и Капели: Македонија заслужува да почне преговори со ЕУ, да запре блокадата на Бугарија
Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на посетата на Загреб, имаше средби со премиерот на Република Хрватска, господинот Андреј Пленковиќ и со претседателот на Комитетот за надворешни работи на хрватскиот Сабор, господинот Гари Капели. На средбите го поздравив огромното пријателство коешто го имаат Македонија и Хрватска, како и одличните билатерални односи. Побарав Македонија да добие датум за почеток на ...
Read More »Османи се сретна со министерот за надворешни работи на Мароко
Шефот на Македонската дипломатијата Бујар Османи, за време на престојот во Маракеш, Мароко и учеството на министерскиот состанок на Глобалната Коалиција за борба против ИСИС, оствари средба и со својот домаќин, мароканскиот министер за надворешни работи, Насер Бурита. Како што соопшти МНР, во фокусот на средбата беше соработката во рамки на ОБСЕ Групата на медитерански партнери за соработка – со ...
Read More »Вселенската Патријаршија ја призна Македонска православна црква – Охридска Архиепископија
Со одлуката на денешното заседание на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, возглавен од Неговата Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј, се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата древна Охридска Архиепископија, возобновена во лицето на МПЦ. Тоа значи дека Вселенската Патријаршија ја признава црковната јерархија предводена од Архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden