Македонија

Повторно отворена Амбасадата на Македонија во Киев

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска е во посета на Киев, од каде информираше дека амбасадата повторно ќе биде ставена во функција. Тукушто допатував во Киев, каде покрај средбата со мојот колега, Дмитро Кулеба, во функција повторно ќе ја ставиме и нашата амбасада во Украина. Македонија стои цврсто во поддршка на храбриот украински народ, се вели во објавата.

Read More »

Наскоро единствен пазар на трудот за граѓаните на Македонија, Албанија и Србија

Граѓаните на Македонија, Албанија и Србија, наскоро ќе можат да се вработат во овие земји со идентификациски броеви на Отворен Балкан без дополнителни административни бариери. Издавањето на првите идентификациски картички, кои ќе овозможат слободен пристап до пазарот на труд на Западен Балкан се очекува за време на Самитот Отворен Балкан што ќе се одржи на 7 и 8 јуни во ...

Read More »

Руската Православна Црква го поздрави признавањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридската Архиепископија

Признавањето на автокефалноста на црквата во Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, за кој се очекува да се разговара на следниот состанок на Светиот синод на Руската православна црква, изјави заменик-претседателот на Одделот за надворешни односи на Московската патријаршија, протојереј Николај Балашов. Се радуваме заедно со нашите браќа Срби и Македонци. Овој настан го чекавме многу ...

Read More »

Патријарх Порфириј: СПЦ ја прифаќа автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија

Патријархот Порфириј, поглаварот на Српската православна црква прв одржа говор по заедничката литургија меѓу двете цркви. Пренесуваме делови од говорот на српскиот патријарх: „Да се радуваме денеска, со нас денеска се радува целата црква, се радува и небото и змејата, се радуваат сите кога браќата се сакаат и кога го слават името Божје. Да се радуваме сите ние кои после ...

Read More »

Македонските и сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј

Поголемиот дел од словенското население во Европа и Азија ја должат својата азбука и својата култура на делото на браќата Свети Кирил и Методиј од Солун, Егејска Македонија кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Во ...

Read More »

Премиерот Ковачевски се поклони и положи цвеќе пред спомен плочата на Светите Кирил и Методиј во Санта Марија Маџоре во Рим (ВИДЕО)

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со делегацијата на Македонија која е во дводневна посета на Ватикан и Рим по повод 24 мај – Денот на македонските и сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, денеска положи венец со цвеќе пред спомен плочата посветена на делото на светите браќа во базиликата Санта Марија Маџоре. Базиликата Санта Марија Маџоре има посебно место во хронологијата ...

Read More »

Македонскиот јазик во светлина на општословенската и црковнословенската јазична матрица

Историјата е врежана во културната меморија, без којашто не би имало никакви препознатливи и агилни идентитети. Дваесет и четврти мај е ден кој ги обединува, макар комеморативно и симболично, сите словенски народи без коишто се незамисливи европската историја, култура и современост. Денес е Ден кој нè потсетува дека словенските народи некогаш во минатото биле обединети јазично, верски и културно. Денес ...

Read More »

Извршена канонизација на преподобниот игумен Јоаким Крчовски

Со света божествена литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија неговото блаженство г.г. Стефан, во сослужение со митрополитот Кумановско-Осоговски, г.Григориј, во божјиот храм на манастирот Свети Јоаким Осоговски денеска се изврши вбројување во диптихот на светите на Свети Јоаким Крчовски. Ова е историски ден и голема радост за сите кривопаланчани, но и за сите Македонци, а на ...

Read More »

Мицкоски на средба со Зафировски, ко-основачот на “Македонија 2025”

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски денеска заедно со Стефан Андоновски секретар за меѓународна соработка на партијата остварија средба со Мајк Зафировски, ко-основачот на “Македонија 2025”, и високи претставници на оваа организација. На средбата соговорниците разговараа за актуелната политичка и економска состојба, како и евроинтегративните процеси на државата. Претседателот Мицкоски изрази голема благодарност и ја поздрави долгогодишната активна заложби ...

Read More »

Руската православна црква ја поздрави одлуката на СПЦ за Македонската православна црква – Охридска Архиепископија

Руската православна црква ја поздравува одлуката на Српската православна црква да ја обнови канонската заедница со Македонската православна црква – Охридската архиепископија“, рече Балашов истакнувајќи дека тоа претставува надминување на полувенковниот црковен раскол. Претходно, Светиот архијерејски синод на СПЦ излезе со соопштение за Македонската православна црква – Охридска архиепископија, во кое го признава канонскиот статус на МПЦ-ОА и најави повторно воспоставување ...

Read More »