Македонија

Честитка од Претседателот на Република Македонија по повод одбележувањето на државниот празник 23 Oктомври – Денот на македонската револуционерна борба

Највозвишена цел на еден народ е да создаде своја држава. Само оние народи кои формирале своја држава ја реализирале слободата со тоа што станале самодоволни. 23 Октомври 1893 година е клучен момент во македонската револуционерна борба за остварување на таа возвишена цел. Пред точно 125 години неколкумина храбри Македонци го формираа Македонскиот револуционерен комитет кој на народот му даде надеж ...

Read More »

Министерот за надворешни работи Никола Димитров освари средба со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија (ВИДЕО)

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров, денес имаше средба со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, кој престојува во работна посета на Република Македонија. На средбата беше разговарано за евроатлантските перспективи на земјата, како и за актуелните политички состојби во Република Македонија. Министерот Димитров упати благодарност за континуираната американска поддршка на ...

Read More »

За Русија остануваме Република Македонија

  Русија не ја прифаќа промената на името, ја признала Македонија под уставното име и тој став не го менува – е пораката што ја праќа Москва преку твитерот на руската амбасада во земјава. Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува, пишува на официјалниот твитер-профил на руската ...

Read More »

Благочестивите браќа Шурдоски ѝ вратија на Црквата моштите од Света Параскева

Премудриот Бог, Кој однапред го знае исходот на секое дело, и од Чии очи не може да сокрие ни најмалото нешто, преку еден чудесен настан уште еднаш ни ја покажа Својата Промисла и грижата за Своите светињи. Имено, вчера во нашиот Манастир допатуваа благочестивите браќа Жарко и Зоран Шурдоски, по потекло од с. Ложани, Струшко, кои побараа средба со нашиот ...

Read More »

ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи од своите редови пратениците кои гласаа ЗА уставни измени

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција посочи дека на негов предлог, седумте пратеници од оваа партија, кои гласаа за уставни измени, се исклучени од партијата. Тој ги наброја исклучените: Елизабета Канческа Милевска, Емилија Александрова, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска Старова, Љубен Арнаудов и Зеќир Рамчиловиќ и рече дека сега тие ќе мора да живеат со овој срам.

Read More »

Министерство за надворешни работи на Русија: Грубото мешање на САД и ЕУ во внатрешните работи на Македонија ги надминува сите граници

САД и државите од ЕУ на најгруб начин се мешаат во внатрешните работи на Република Македонија, преку туркање на преименувањето на земјата во Парламентот, сметаат од руското Министерство за надворешни работи. „По неуспехот на референдумот на 30 септември, организиран со надеж да се добие сенародно одобрување на грчко-македонското „компромисно решение“, Вашингтон и водечките земји од ЕУ имаат намера да го ...

Read More »

Писмо од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски до Вес Мичел, помошник државен секретар на САД за Европа

Со посебно внимание го прочитав Вашето писмо и би сакал да ја искористам оваа можност да Ви се заблагодарам за поддршката која мојата татковина ја добива во поглед на евроатланските интеграции што се и стратешки интерес на мојата партија и граѓаните на мојата земја. Се надевам дека многу скоро Република Македонија ќе биде дел од НАТО И ЕУ семејствата, но ...

Read More »

Зошто палиме кандило

  Зборот ‘кандило’ доаѓа од латинското candela, што значи ‘свеќа’. Во православната Црква кандилото се става пред светите икони. Она кандило што се става пред Распетието во светиот олтар во храмот, се пази секогаш запалено и се нарекува „незгасливо“ кандило. Едно кандило се става, исто така и пред домашниот иконостас и согласно православното предание, се пали секој ден. Тоа е еден ...

Read More »

Македонија се сеќава: Единаесет години од смрта на Тоше Проески

Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред единаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Како и во изминатите десет години, маратонци од повеќе градови од Македонија во чест на Тоше ќе трчаат маратон и денеска напладне треба да стигнат во Крушево на неговото вечно ...

Read More »

Димовски: Собранието нема ниту изборен ниту референдумски легитимитет да влезе во процедура за промена на Уставот

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на денешната седница на која на дневен ред е Предлгоот на Владат за уставните измено истакна дека Собранието е составено врз база на изборна волја на граѓаните на Република Македонија. При составување на ова Собрание, ниту една политичка партија и ниту еден пратеник кој е дел од ова Собрание не даде ветување за промена на ...

Read More »