Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов упати писмо со сочувство до Претседателот на Руската Федерација, г. Владимир Путин, по повод пожарот во сибирскиот град Кемерево. Почитуван господине Претседателе, Со големо жалење ја примив веста за пожарот кој изби во трговскиот центар во сибирскиот град Кемеровo и предизвика вистинска трагедија во Вашата земја. Искрено жалам за загубените животи, за човечките ...
Read More »Македонија
Светскиот Македонски Конгрес упатува остра осуда на бугарската пропаганда меѓу Македонците во Албанија и Косово
Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува жалење, Софија ја засилува својата антимакедонска пропаганда меѓу Македонците во областа Гора и Жупа на Косово и во Република Албанија, претставувајќи ги за “Бугари“. СМК ја осудува бугарската пропаганда во Албанија и Косово за денационализација и асимилација на Македонците во “Бугари“. СМК и натаму повторува дека Македонците во Албанија и Косово, независно од вероисповедта, се ...
Read More »ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на претседателот да не го потпишува Законот за двојазичност е целосно исправна и државничка одлука
Законот за двојазичност беше донесен шверцерски и насилнички начин од страна на владеачкото мнозинство. При носењето на законот беа прекршени голем број процедури и беше укинато основното право на пратениците да предложат, да дискутираат и да гласаат за своите амандмани. Законот за двојазичност е против уставен и неприменлив и ќе создаде дополнителни поделби во македонското општество по сите основи. Одлуката ...
Read More »Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов ја прими г-ѓа Лилјана Танги, пратеничка во Националното собрание на Франција
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ја прими г-ѓа Лилјана Танги, пратеничка во Националното собрание на Француската Република. На средбата се разговараше билатералните односи меѓу Република Македонија и Француската Република, за актуелните состојби на политички план како и за натамошната француска поддршка во однос на македонските евроинтеграции. Во тој контекст, претседателот Иванов се заблагодари за поддршката што Француската ...
Read More »Претседателот на Македонија, Иванов упати честитка до Владимир Путин по повод повторниот избор на функцијата Претседател на Руската Федерација
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, упати честитка до Н.Е. г. Владимир Путин по повод повторниот избор на функцијата Претседател на Руската Федерација. Почитуван господине Претседател, По повод Вашиот реизбор на функцијата Претседател на Руската Федерација, дозволете ми од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име да Ви упатам најискрени честитки и да Ви ...
Read More »Светскиот Македонски Конгрес најостро ја осудува изјавата Еди Рама
Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува и ја смета за натамошно грубо мешање на Албанија во внатрешните работи на Македонија, изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, во врска со законот за употребата на јазиците, упатена кон Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, дека “албанскиот јазик не е јазик на непријателот, туку на Албанците кои се државотворен народ во Македонија“ и ...
Read More »Западен Балкан има европска иднина
Во рамките на програмата за соработка Франција- Балкан која е поддржана од француското Министерство за Европа и надворешни работи, во Дижон се одржа дводневна меѓународна средба посветена на европската иднина на Западен Балкан. На средбата во организација на Француската амбасада од Скопје беа вклучени и претставници на градовите од Македонија. Целта на оваа меѓународната средба е да се идентификуваат, особено ...
Read More »Силен ветар и бранови во Охрид, оштетени објекти (ВИДЕО)
Силниот јужен ветар, кој на моменти достигнува брзина од околу 100 километри на час, предизвика проблеми во охридско, пренесува порталот Ohrid news. Порталот пренесува дека во Пештани паднало дрво, што предизвикало застој во сообраќајот. Паднати гранки од дрвја има и во центарот на Охрид, како и на повеќе локации во градот.На улицата „Даме Груев“ дрво падна врз паркирани автомобили, при ...
Read More »Претседателот на Република Македонија во посета на Азербејџан
Претседателот Иванов изрази задоволство од континуираниот политички дијалог и од средбите на највисоко ниво, истакнувајќи дека е неопходно нивно ефектуирање во сферата на економската соработка. Во тој контекст, македонскиот претседател истакна дека Република Македонија се залага за зголемување на трговската размена преку конкретни можности за развивање на соработката и стои на располагање за влез на азербејџански директни инвестиции во ...
Read More »Европската комисија: Законот за јазиците да биде испратен до Венецијанската комисија
Европската комисија очекува Законот за употреба на јазиците да биде испратен до Венецијанската комисија како што е најавено во планот 3-6-9. Ова за МИА го изјави портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, според која, имплементацијата на законот треба да биде во согласност со европските стандарди. Таа посочи и дека Европската комисија сега очекува Собранието да се фокусира на реформите и напредокот ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden