Државниот секретар на МНР на Македонија, Виктор Димовски учествуваше на Петтата министерска конференција во рамките на Рабат процесот во Мароко

 

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски на 1 и 2 мај 2018 година учествуваше на Петтата министерска коференција за Евро-африканскиот дијалог за миграции и развој, во Маракеш, Кралството Мароко.  Конференцијата, која се одржува во рамките на таканаречениот „Рабат процес“, е дел од напорите меѓународната заедница за градење кохерентна стратегија за суштествено и ефикасно менаџирање на мигрантските текови, како и оперативно партнерство меѓу земјите на потекло, транзит и дестинација.

Во своето обраќање на конференцијата, Државниот секретар Димовски се заложи за глобален пристап во надминувањето на глобалните миграциски предизвици водејќи сметка за аспектите на националната и меѓународна безбедност, но и потребата за почитување на безбедноста дигнитетот и основните права и слободи на мигрантите.

Воедно, ја нагласи подготвеноста на Република Македонија да продолжи да го дава својот придонес на регионален план и пошироко врз основа на сопствените искуства од последната бегалска криза во 2015 и 2016 година. На маргините на Конференцијата, Државниот секретар Димовски оствари средби со државните секретари во МНР на Шведска и Финска М. Гатикер и С. Виртанен, претставникот на В. Британија Т. Коул и генералниот директор на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики М. Шпинделегер.