Македонското друштво “Илинден“-Тирана упатува искрени честитки до сите граѓани на Албанија по повод 28 Ноември – Денот на независноста.
Овој значаен историски датум претставува симбол на слободата, националното достоинство, самостојноста и стремежот кон независна држава.
Веруваме дека слободата, демократијата и почитувањето на различностите се темелите врз кои се гради стабилна и просперитетна држава.
Нека 28 Ноември биде поттик за нови достигнувања, единство, мир, благосостојба и напредок на сите граѓани на Република Албанија, стои во честитката на друштвото потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
