Центарот за македонски јазик во Грција достави официјално барање за изучување на македонскиот јазик во регионите со македонско население во Грција

Центарот за македонски јазик во Грција достави официјално барање до грчкиот министер за образование Ники Керамеос за воведување настава на македонски јазик.

Бараат да се воведе македонскиот стандарден јазик како изборен предмет во основните и средните училишта во областите на северна Грција. Велат дека тие се регистрирана организација во Грција чија основна цел е зачувување и негување на македонскиот јазик во Грција.

Точниот број на македонски говорници во Грција не е познат, бидејќи податоците за јазичната разновидност не се собираат во националниот попис. Меѓутоа, македонскиот јазик традиционално се зборува во многу градови и во стотици села, дваесетина општини во земјата.

Според нашиот статут, една од нашите главни цели е да го поддржиме идното воведување на македонскиот стандарден јазик како изборен предмет во државните училишта, основни и средни и универзитетите во грција. Го поддржуваме идното формирање на педагошки училишта, односно одделенија на постоечките универзитети во грција за развој на локални наставници по македонски јазик, како и наставни програми и наставни материјали, стои во барањето.

Advertisement