Централниот совет на Македонците од Герман ја повикуваат владата да не го крши Уставот: Македонија не ја забранува ни Преспанскиот договор

Централниот совет на Македонците од Германија во името на Македонската заедница во Германија, упатува жестоки реакции по повод веста, дека министерот за правда ја забранува употребата на името Македонија и придавката македонски/а/о при регистрацијата на здруженија и трговски друштва во државата Македонија.

Централниот совет на Македонците од Берлин смета дека Уставот на Македонија и таканаречениот “Преспански Договор” не предвидуваат таква забрана!

Централниот совет на Македонците од Берлин ги повикува оштетените да ги преземат сите можни правни мерки против министерот за правда, во рамките на македонскиот правосуден систем. Централниот совет на Македонците од Берлин смета, дека забраната на употребата на името Македонија и придавката македонски/а/о претставува суспензија на основните човекови и граѓански права и слободи, и флагрантно кршење на Уставот на Македонија, надвор и од таканаречениот “Преспански Договор”!

Централниот совет на Македонците од Берлин потсетува дека и според таканаречениот “Преспански Договор” секое трговско друштво, партија, здружение и други организации кои не се финансирани од државата, можат непречено да го користат името Македонија и придавката македонски/а/о. Централниот совет на Македонците од Берлин јавно поставува прашање кои се поводот и причината за забрана на името Македонија и придавката македонски/а/о, кои лежат во срцата на секоја Македонка и секој Македонец, и во Македонија и во светот?

Централниот совет на Македонците од Берлин ја повикува Македонската влада, наместо да го ограничува користењето на името Македонија и придавката македонски/а/о, да го поттикне слободното изразување на македонските граѓани, и да ги наведе и натаму на користење на името Македонија и придавката македонски/а/о, бидејќи тоа е наше вековно наследно историско име!

Секоја забрана на употребата на името Македонија и придавката македонски/а/о за Македонците во Германија и светот е неприфатливо и ќе предизвика силни реакции кај Македонскиот народ, дома и во светот, – изјавија Роберт Кленкоски претседател и Горан Николоски заменик претседател на Централниот совет на Македонците од Берлин.

Advertisement