Централниот совет на Македонците од Германија бара реформи по недемократските изборни практики

Одборот на Централниот Совет на Македонците во Германија се состана на 14 февруари 2024 година за да расправа за претстојните избори во Македонија. На средбата детално се разговараше за недемократските практики на изборната комисија на изминатите избори.

На последните избори стана јасно дека регистрацијата на дијаспората за гласање во амбасадите е недемократска и нефер. Илјадници гласачи останаа без својот глас бидејќи бројните апликации беа одбиени во последен момент по истекот на рокот за регистрација. Овие одбивања беа со сомнителни причини пошто многу гласачи беа одбиени поради недостаток на докази за место на живеење во дијаспората, иако тоа се ирелевантни податоци за гласањето во амбасадите.

Она што беше особено алармантно е дека одбивањата беа систематски, при што апликациите беа собрани во последните две недели, а потоа одбиени истовремено. Ова спречи некомплетните апликации да се коригираат навремено.

Дополнително, откако дознаа дека нема да има избори во амбасадите, некои гласачи беа охрабрени да отпатуваат во Македонија за да го дадат својот глас на денот на изборите. Но, повторно се разочараа, повторно не им беше дозволено да гласаат затоа што веќе ги немаше на избирачкиот список на локалните избирачки места!

Поради овие причини, се договоривме внимателно да го следиме тековниот изборен период и соодветно да одговориме. Денеска страницата за пријавување се затвора во 00:00 часот и бројот ќе одлучи дали на дијаспората овој пат ќе и биде дозволено да гласа во амбасадите или не. Изгледа дека овој пат нема да се ни достигне потребниот број на регистрации, што значи дека нема да има избори во амбасадите.

Браво, почитувана изборна комисијо. Овој пат дури не требаше да чекате до полноќ да одбиете илјадници гласачи! Но, мора да признаеме дека повторно не сте направиле доволно за активно информирање на дијаспората дека воопшто е потребна регистрација и дека ќе има избори. Исто така, одлуката за поставување на период за регистрација од 14.02.2024 до 18.02.2024, потпишана на 15.04.2024, не е правно коректна, бидејќи на 14.02.2024 година не можеше никој онлајн да се регистрира!

Утврдувањата на Централниот совет наведуваат дека, иако дијаспората се смета за важна, напорите за информирање и мобилизација на дијаспората за изборите се недоволни. Иако имаше значителни финансиски средства за изборни реклами, информирањето за регистрацијата на дијаспората беше скоро непостоечка. Иницијативите и личната едукација од страна на здруженијата и организациите во дијаспората беа клучни за постигнување на потребниот број на регистрирани при последните избори во 2020 година.

Сега сакаме да ја видиме и предноста за луѓето кои овој пат не се пријавиле и затоа би биле дисквалификувани од избирачкиот список. Да, тоа не е само теоретски, туку и практично: минатиот пат не ги вративте гласачите на нивниот оригинален избирачки список на различни избирачки места. Овој пат не можете да ги спречите овие луѓе да гласаат на лице место!

Сега ги повикуваме сите Македонци од дијаспората масовно да го остварат своето право на глас и да гласаат локално на овие избори во Македонија. Овие избори се многу револуционерни и поради оваа причина е уште поважно да се гласа во Македонија. Да, тоа е одисеја и чини многу време и пари за гласање, но во споредба со претходните генерации кои платија со живот, тоа е неспоредлива прошетка.

Мора да избереме влада која на дијаспората не гледа само како на знаци на евро или долар, туку влада која се залага за еднаква застапеност на дијаспората и го модернизира и дигитализира изборниот систем. Не треба да се дозволи дијаспората да избира најмногу тројца претставници, ако воопшто успее да се регистрира. Наместо тоа, дијаспората треба да може да гласа за истите кандидати како и сите Македонци.

Една изборна единица за сите, а ако на партиите им е важна дијаспората, тогаш на своите листи ќе стават луѓе кои се запознаени со проблемите на дијаспората. Една изборна единица за сите Македонци и заедно ги избираме 120-те пратеници во парламентот. Исто така, треба да се размисли и дали како толку мала држава навистина ни се потребни 120 пратеници, или дали 60 би биле доволни!

Advertisement