Данското разузнавање им помогало на САД да ги следат европските политичари

Разузнавачките служби на Данска ѝ помогнале на американската Агенција за национална безбедност (NSA) да ги следат и шпионираат европските политичари во 2013 година, објавија во неделата германскиот дневен весник Süddeutsche Zeitung, и јавните радиотелевизиски корпорации ARD и WDR.

Според сознанијата со коишто располагаат германските медиуми, центарот за прислушување на европските политичари, вклучително и сојузниците на САД, во мандатот на американскиот претседател Барак Обама, бил сместен во близина на данската престолнина Копенхаген.

Како што се наведува во написот во Süddeutsche Zeitung, во периодот меѓу 2012 и 2014 година NSA со помош на Данска следела голем број европски политичари, меѓу кои и геранската канцеларка Ангела Меркел, тогашниот шеф на германската дипломатија сега преседател на земјата Франк-Валтер Штајнмаер и кандидатот за канцелар на Социјалдемократската партија на Германија (SDP), Пет Штајнбрик.

Данските разузнавачки служби им овозможиле пристап на Американците до специјален телекомуникациски центар близу Копенхаген, од каде било изведувано прислушувањето. Од оваа станица, како што се наведува во написот, било можно да се пристапи до подводните кабели на интернет провајдерите. Истовремено, следени биле и данските министерства за надворешни работи и за финансии, како и една фирма во воено-индустрискиот комплекс.

Данската влада била информирана за соработката со NSA подоцна од 2015 година, се додава во написот. На властите во Копехаген им бил доставен специјален класифициран извештај во врска со информациите го тогаш произлегуваа во медиумите по документите одставени од Едвард Сноуден. Во него било посочено дека данските разузнавачки агенции им помагале на САД во шпионирањето на водечките политичари во Шведска, Норвешка, Холандија, Франција и Германија. Оваа информација била причината за тогашната оставка од страна на шефот на данската разузнавачки служба Forsvarets Efterretningstjeneste (FE).

Од германската влада изјавиле дека не биле свесни и запознаети за можно следење од Данска. Како што изјавл неименуван претставнил на министерскиот кабинет на Геранија за Süddeutsche Zeitung, канцеларката Меркел дознала за оваа ситуација од материјалот собран од изданието. Владата во Берлин одбила натамошни коментари за овој случај.

Како што претходно беше познато американската NSA повеќе од цела деценија ја прислушувала канцеларката Ангела Меркел уште од периодот кога беше во опозиција, а гневот на Берлин го предозвика фактот што американскиот претседател Барак Обама, во чиј мандат беше обелоденет скандалот не ја информирал и предупредил Германија. Според медиумите, американското разузнавање ги следело и другите водечки германски политичари, меѓу кои и Франк-Валтер Штајнмаер и Пер Штајнбук.

Скандалот со NSA беше отворен во 2013 година кога неделникот Der Spiegel ги објави откритијата на поранешниот соработник на американската Централна разузнавачка агенција (CIA) за масовното прислушување преку интернет и мобилните оператори на милиони лица ширум светот, вклучително и странски државници, меѓу кои дури тројца претседатели на Франција.

Германската јавност силно беше разбранувана и гневна откако во летото 2013 година неколку германски весници објавија документи кои потекнуваат од поранешниот аналитичар на NSA, Едвард Сноуденм за масовното следење на електронските комуникации и телефонските разговори во целиот свет, па дури и во Германија, вклучително и мобилниот телефон на германската канцеларка Англеа Меркел во текот на десет години.

Скандалот, на кој се надоврзаа и германските сознанија за службеници на германското разузнавање врбувани да работат во полза на американските служби, ги разниша американско-германските односи, кои се сметаат за многу блиски, особено последните години. „Шпионирањето меѓу пријателите воопшто не е во ред“, изјави тогаш Меркел.

Американскиот претседател Барак Обама, кој според документите од Сноуден знаел повеќе години за прислушувањето на германската канцеларка, ја исклучи можноста од натамошно прислушување на Меркел, што според германските медиуми значењше дека всушност признал дека тоа се случило.

Advertisement