Трета епизода од серијалот дебати “Дијаспората за Македонцките Работи“ во организација на “Македонски Национален Совет“ и “Ние Сме Македонија“. Низ повеќе епизоди, ја отвораме темата за македонската дијаспора: за предизвиците и проблемите со кои се соочува македонското иселеништво и македонското национално малцинство (МНМ), за нефункционалноста на македонската дипломатија во однос на иселениците и МНМ, за незаинтересираноста на македонските институции за соработка со иселениците и МНМ. Целта на серијалот е низ дебата да дојдеме до предлог решенија за истите, креирање на проект за реализација на идејните решенија и инсистирање на институционално имплементирање на истите. Говорници ќе бидат македонски иселеници, претставници на македонското национално малцинство и претставници на релевантни институции или професори во Македонија. Во третата епизода, говориме со: Борче Величковски – МНМ Србија, Иван Сингартијски – МНМ Бугарија, Јоргос Пападакис – МНМ Грција Модератор: Ана Дукоска
Дебата од серијалот “Дијаспората за Македонцките Работи”- 3та Епизода (ВИДЕО)
Advertisement