Дејан Аџијоски и Македонците од Швајцарија обесбедија 40 неинвазивни респиратори за Македонија

Дејан Аџијоски кој живеее во Швајцарија обезбеди 40 неинвазивни респиратори од швајцарската компанија BCD Microtechnique, кои ќе бидат распределени во болниците во повеќе градови низ Македонија: Охрид, Велес, Струмица, Делчево, Кавадарци, Кичево, Битола и Јасеново.

Средства за транспортот, потрошните материјали и за тренинг обуката обезбедија: Седрик Пахуд главен донатор на машините од БЦД Микротехник, Илчо Трајкоски и фирмата Колор систем пајерн, Ванчо Ангеловски, Депалиер Фабиен, Драган Стоиловски, Дејан Аџијоски, Добротворното друштво Македонија од Ешалан, Македонскиот национален совет во Швајцарија, Клубот Пирок, Клубот Пијанец, Заедницата на македонските друштва во Швајцараија, Игор Атанасов главен менаџер во транспортната фирма Дашер и уште дваесетина донатори.

Во Македонија одговорни за тренинг обука на лекарите кои ќе ги ракуваат овие респиратори од типот КОВИДЕР се д-р Билјана Георгиевска и Дејан Златановски од Црвениот крст на Македонија. Целта на оваа хуманитарна акција е опремување на болниците со соодветни апарати кои ќе овозможат спас на човечки животи во загрозени здравствени услови. Вредноста на донираните 40 респиратори изнесува околу 400.000 швајцарски франци.

 

Целта е да се донираат што повеќе машини за вештачко дишење, кои во услови на пандемија можат да се употребат на заболени од Ковид-19, како и за пациенти со проблеми во дишењето и пад на сатурација под 80%. Операцијата се изведува преку Црвениот крст на Македонија, – изјави Дејан Аџијоски.

 

Advertisement