
Претседателот на партијата „Единствена горанска партија“ и Пратеникот од областа Гора во Собранието на Косово, Адем Хоџа и заменик министерот за инфраструктура, Хамза Балjе, остварија средба со министерот за внатрешни работи и јавна администрација, Агим Велиу. Средбата што се одржа во срдечна атмосфера, се фокусираше на безбедносната состојба, но се осврна и на други прашања што се важни за Македонско-Горанската заедница на Косово. Учесниците на состанокот се согласија дека комуникацијата треба да биде континуирана, имајќи ги предвид сложените околности предизвикани од пандемијата „Ковид-19“ и придонесот што може да се даде во спречувањето на натамошно ширење на последиците.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden