Делегација на МАЕИ освари средба со владините стипендисти Македонци од Албанија

Вчера во Скопје, делегација на Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ предводена од претседателот Едмонд Темелко и градоначалник на општина Пустец, и генералниот секретар Васил Стерјовски имаа средба со владините стипендисти од Албанија во Македонија.Делегацијата на Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ  ги информираше студентите Македонци за политичката состојба во Албанија во пресрет на престојните парламентарни избори што треба да се одржат на 25 јуни годинава.

Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ ќе учествува на престојните парламентарни избори во коалиција со Социјалистичкото движење за интеграција на Илир Мета, актуелен претседател на Република Албанија. Македонците имаат шанса за пратеник во Парламентот на Албанија и повеќе позиции во извршната власт. Кандидат за пратеник е Васил Стерјовски генералниот секретар на Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ.