
По повод големиот македонски национален празник Илинден, делегација на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), предводена од претседателот Васил Стерјовски, положи свежо цвеќе на споменикот на борците во селото Туминец, Општина Пустец.
Споменикот е подигнат во чест на борците од Туминец кои се приклучија на македонските партизански одреди и учествуваа во борбата за ослободување на Македонија од фашизмот и нацизмот за време на Втората светска војна.
Со овој чин, делегацијата на МАЕИ им оддаде почит на сите кои ги положија своите животи за слободата, националното достоинство и идеалите на македонскиот народ, истакнувајќи дека Илинден останува вечен симбол на борбата за слобода, правда и национална самобитност.
Од МАЕИ порачаа дека негувањето на историското паметење и почитта кон жртвата на претходните генерации претставуваат обврска кон иднината, особено за Македонците во Албанија, кои и денес продолжуваат да го чуваат својот национален идентитет, јазик, култура и традиција.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden