Делегација на Македонската заедница во Малта предводена од претседателот Максимилијан Казаков минатата недела оствари средба со претседателката на Малта

Делегација на Македонската заедница во Малта предводена од претседателот Максимилијан Казаков минатата недела оствари средба со претседателката на Малта госпоѓа Мари Луиз Колеиро Прека. Делегација на Македонската заедница во Малта оствари срдечен прием кај претседателката на Малта, а на средбата ја запознале госпоѓа Мари Луиз Колеиро Прека за актуелната политичка состојба во Македонија и етноцитот на којшто е изложен Македонскиот народ како никој друг народ во светот во 21 век, поради грчкото вето за членство на Македонија во ЕУ и НАТО.

Македонската делегација побарала подобрување на условите за престој и работа на Македонците во Малта, како и унапредување на културната и економската соработка меѓу Македонија и Малта. Претседателот на Македонската заедница во Малта Максимилијан Казаков на претседателката на Малта и’ подари икона од Бигорскиот манастир, потпретседателката Мартина Јорданоски и’ врачи книги за историјата на Македонија и златник со македонското шеснаесет-зрачно златно-жолто сонце од Кутлеш, а Лејла Вејсели и’ предаде слика со Галичката свадба како симбол на македонската традиција во Западниот дел на Македонија од Мијачкиот крај. Претседателката на Малта изразила задоволство од средбата и покажала интерес за унапредување на условите за престој и работа на Македонската заедница во Малта.