Делегација на Руска православна црква се сретна со поглаварот на Автокефалната православна црква на Албанија

На 11 август 2025 година, со благослов на Неговата Светост, Патријархот Московски и на сета Русиа Кирил, претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија, Митрополитот Волоколамски Антониј, пристигна во работна посета на Албанија.

На 12 август Митрополитот Антониј се сретна со Блаженејшиот Архиепископ Тирански, на Драч и цела Албанија Јован во неговата официјална резиденција во Тирана.

На средбата учествуваа и советникот на Рускиот Патријар, протојереј Николај Балашов, како и заменик-претседателот на Одделот, протојереј Игор Јакимчук. Од страна на Автокефалната православна црква на Албанија присуствуваа митрополитот Елбасански Антониј, митрополитот Аманатиски Натанаил и епископот Крујски Анастасиј.

Митрополитот Волоколамски Антониј му пренесе на Архиепископот Јован братски поздрав од Патријархот Кирил, и му честиташе за изборот и интронизацијата во март годинава на катедрата на Автокефалната православна црква на Албанија. Во текот на разговорот, кој помина во топла и срдечна атмосфера, беа разгледани различни прашања од меѓуправославните и меѓународните односи, положбата на канонската Црква во Украина, перспективите за развој на соработката меѓу Руската и сестринската Албанската Црква, како и други теми од взаемен интерес.

По завршувањето на разговорот, Митрополитот Антониј и неговата придружба го посетија соборниот храм „Воскресение Христово“ во Тирана и отслужија помен за блаженоупокоениот Архиепископ Анастасиј, погребан во криптата на овој храм.