
Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и градоначалнк на Општина Пустец, Мала Преспа Едмонд Темелко и Васил Стерјовски, генерален секретар на Македонска алијанса за европска интеграција денеска во Корча осварија средба со висока делегација на Обединети Наци предводена од Алнед Шахед посебен известувач на Обединети Наци за верски прашања, Фараз Санеи, и Макен Тзегаи експерт за човечки права во Обединети нации. Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) го информира делегација на Обединети Наци за правата и положбата на Македонците во Албанија и изразија желба контактите да продолжат и во иднина, како и уверување дека и Обединетите Нации со нивните препораки до Владата во Тирана ќе помогнат за нивното унапредување.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden