Демократија во ЕУ полицијата брутално тепаа демонстранти во Франција (ВИДЕО)

Во насилните и крвави протести што продолжија во текот на ноќта во Франција, учествувале околу 136.000 луѓе. Уапсени се околу 1.700, од кои само во Париз 1000, пренесуваат светските медиуми. Крв, насилство и чад насекаде по улиците на Франција. Полицијата употреби солзавец и гумени куршуми, а имаше и оклопни возила. Демонстрантите фрлаа со шишиња, боци и метални шипки. Како што наведуваат домашните медиуми, штетата од вчерашните демонстрации во Париз е поголема од минатиот викенд, кога беа оштетени некои знаменитости.

Премиерот Едуар Филип вети дека ќе го врати националното единство меѓу народот. „Никакви даноци не смеат да го загрозат нашето национално единство. Мораме заедно да го обновиме преку дијалог и работа“ порачал Филип. Претседателот Емануел Макрон во средата го повлече предлогот за зголемување на данокот на гориво за следната година. Владата најави дијалог со Макрон, за што следната недела ќе го извести народот. Прашањето е дали Макрон ќе им го даде тоа што го бараат демонстрантите, а тоа е повеќе пари во нивните џебови. Може ли да си го дозволи тоа Франција? – се прашањата кои ги поставуваат француските медиуми. Демонстрациите се проширија и во Белгија и Холандија, каде демонстрантите фрлаа со боци и метални шипки, а полицијата возврати со водени топови и солзавец.

Advertisement