Денеска е Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија

Православните христијани денес го одбележуваат празникот на Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие светици живееле и настрадале во Рим. Мудрата Софија, (софија – мудрост), останала вдовица, а како добра христијанка се утврдила себеси и своите ќерки во христијанската вера. Токму заради нивната вера биле изведени пред царот сите четири. Тие држејќи се за раце смирено но одлучно ја исповедале верата во Господ Христос и одбиле да и принесат идолски жртви на Артемида. Пред страдањето мајката ги крепела ќерките со совети да истраат докрај. Биле многу мачени и на крај убиени со меч. Именден денес слават: Вера, Верка, Надежда, Нада, Љупка, Љуба.

Advertisement