Денови на македонската култура во Белград ,,Допир на Македонија”

Манифестација Денови на македонската култура во Белград ,,Допир на Македонија” која што по деветти пат оваа година ќе се одржи во Белград, по повод чествувањето на празникот Св. Кирил и Методиј.

Манифестацијата ќе биде отворена во понеделник 20 мај во Театрот 78 (Ресавска 78) со концерт насловен ,,Заедниците заедно” на кои што, покрај чуварите и промотерите на македонската култура и традиција ансамблот ,,Македониум” од Белград, ансамблот ,,Тоше Проески” од Качарево и Културно уметничкото друштво ,,Виногради” од Гудурица ќе настапат и промотерите на културата и уметноста на другите национални заедници во Белград, цинцарското друштво ,,Луњина” хрватското друштво ,,Тин Ујевиќ” и словеначкото друштво ,,Сава.”

На 21 мај од 19ч во Установата за култура ,,Стари град” (Пароброд) белградската публика ќе има прилика да се запознае со дострелите на современата македонска поезија преку творештвото на пет истакнати македонски поети: Наташа Сарџоска, Снежана Стојчевска, Долорес Атанасова – Лори, Тихомир Јанчоски и Исток Улчар. Они се застапени во бројни светски поетски антологии објавувани на повеќе јазици и учесници на бројни фестивали и манифестации. На овој своевиден поетски перформанс тие ќе ги претстават своето творештво, а ќе прочитаат и по една песна од припадниците на постарите генераци на македонските поети Блаже Конески, Ацо Шопов, Петре Андреевски и други.

На 22 мај од 19ч во Установата за култура ,,Стари град” (Пароброд) ќе биде отворена изложба на слики од реномираната македонска ликовна уметница од Скопје Калина Брајковска. Изложбата насловена ,,Позади е петта во низа циклуси на творештвото од оваа млада уметница, прикажани во неколку градови во Македонија а ја карактеризираат неоекспресионистички стил, јаки бои и платна со големи димензии.

На 23 мај од 19ч во Установата за култура ,,Стари град” (Пароброд) ќе биде одржана проекција на современите краткометражни играни македонски филмови ,,Последните камбани” на режисерот Николче Поповски и ,,Борба за смрт” од режисерката Елеонора Венинова.

На 24 мај од 19ч во Установата за култура ,,Стари град” (Пароброд) на празникот св.Кирил и Методиј ќе биде уприличена свечена академија со гостин од Скопје – писател Филип Димковски, и со богата културно уметничк програма во која што ќе настапат актерот Зоран Митровиќ, како и семејството Богиќ на пиано и две виолини.

И на 25 мај, финалето на овогодинешната манифестација ќе се одржи традиционалната Македонска етно вечер во ресторанот ,,Дом војске Србије” (Француска 2) во Белград, каде што заедно со нашите пријатели и гости ќе уживаме во опуштена атмосфера и ќе ја почуствуваме Македонија преку познатата македонска песна, музика оро, но и традиционалните специјалитети на македонската кујна подготвени од вештите раце на нашите членки. Ве покануваме да присуствувате и да ја почуствуваме нашата чудесна Македонија со сите сетила!!!