Портпаролката на компанијата Рајдер систем, Клаудија Панфил, потврди дека напаѓаќот возел изнајмено комби на нивната фирма, како и дека соработуваат со властите во истрагата. На социјалните мрежи се појави снимка од возачот, пред да биде уапсен, како држи пиштол вперен во полицајци. Еден сведок за Си-ен-ен изјави дека возачот намерно ги целел пешаците. „Намерно го направи тоа, сакаше сите да ги убие, луѓето паѓаа еден по еден“, кажа тој. Тој додаде и дека имало доста постари лица на улицата, но дека во еден момент видел бебешка количка како лета во воздух.
Advertisement